Украина: Русија ги засили артилериските и воздушните напади на Бахмут

Од:

Руските сили ги засилија артилериските и воздушните напади во источниот украински град Бахмут, изјави командантот на копнените сили на Украина. Борбите во и околу Бахмут траат со месеци и се сегашниот епицентар на војната во Украина. „Непријателот во моментов ја интензивира активноста на тешка артилерија и воздушни напади, претворајќи го градот во урнатини“, рече генералот Олександар Сирскиј.

Тој рече дека Русија останува посветена на освојувањето на Бахмут „по секоја цена“, но дека во обидот да ја постигне оваа цел има значителни загуби. Русија тврди дека и украинските сили трпат големи загуби во градот во источна Украина.

Бахмут имше 70.000 жители пред војната, а денес е главна цел на руската зимска офанзива, која не резултира со голем напредок и покрај интензивните пешадиски напади на ниво невидено од Втората светска војна.

Освојувањето на Бахмут може да послужи како отскочна даска за Русија да напредува кон двата града во регионот Донецк што долго време ги се обидува да ги освои: Краматорск и Славјанск.

Шефот на платеничката руска воена група Вагнер, која го предводи обидот за преземање на Бахмут, овој месец изјави дека нејзините борци контролираат повеќе од 80 отсто од градот. Украина го негираше ова, велејќи дека сè уште контролира значително поголем процент од градот.

Се очекува дека украинската армија ќе започне контраофанзива во наредните недели или месеци со цел повторно да ја заземе територијата под руска контрола, пишува агенцијата Ројтерс.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО