Украина: Русија ги користи судењата на страницте за да го подигне влогот во преговорите

Од:

Русија сака да користи тројца странци, заробени во Украина и осудени на смрт, како заложници за да изврши притисок врз Западот околу мировните преговори, изјави висок украински функционер. Двајца Британци и еден Мароканец беа осудени на смрт во четвртокот пред судот во самопрогласената Народна Република Доњецк (ДПР) во источна Украина.

Вадим Денисенко, советник на министерот за внатрешни работи, во петокот изјави дека Украина ќе ја координира својата позиција за казнување со Велика Британија, САД и Европската унија.

„Судењето на странците ги подигнува позициите во преговарачкиот процес на Руската Федерација. Тие се користат како заложници за да се изврши притисок врз светот околу процесот на преговори“, изјави тој за националната телевизија.

Мировните преговори меѓу Украина и Русија се замрзнати. Русија ја обвинува Украина за блокирање на преговорите, а Киев ја обвинува Москва. Во одделен преговарачки процес, Турција прави напори да се договори за безбеден премин за жито во блокираните украински пристаништа на Црното Море.

Двајца Британци и еден Мароканец беа прогласени за виновни за „платенички активности и извршување дела со цел преземање на власта и уривање на уставниот поредок“ на самопрогласената ДПР.

Би можело да ве интересира

Песков: Резолуцијата на Генералното собрание на ОН за репарациите за Украина е „формализирање на грабежот“

Со заладувањето на времето нови рестрикции на струја во Украина

А1он

Провалиле во куќи во зори и киднапирале луѓе: Откриено како Русите „ловеле“ Украинци во Буча

А1он

Брод со жито го напушти пристаништето во Одеса

Горан Наумовски

Милитантите од Азов треба да бидат обесени, порача руската амбасада во Велика Британија

САД: Покрај Донбас, Русија сака да ги анектира и јужните украински региони

Катерина Ѓуровски