Украина предупреди: Ќе преземеме најдрастични мерки

Од:

Украинските и иранските власти неодамна се сретнаа за да разговараат за наводите дека Русија користи ирански беспилотни летала за да ја нападне Украина, јавува Си-Ен-Ен.

Да потсетиме дека во последниве недели Украина и нејзините западни сојузници го обвинија Иран дека ја снабдува Русија со т.н. беспилотни летала камикази за напади врз украинската енергетска инфраструктура и станбени згради.

Овој месец, по неколкунеделни негирања, Техеран призна дека испратил беспилотни летала во Русија, но рече дека тие биле испратени пред почетокот на војната во Украина.

Говорејќи за неодамна одржаната средба со Иранците, портпаролот на украинското МНР Олег Николенко потврди за Си-Ен-Ен дека „одржана е средба на ниво на експерти“.

„Не можам да ги откријам деталите, но ве уверувам дека украинската страна продолжува да презема најдрастични мерки за да ја спречи руската употреба на иранско оружје во војната против Украина“, рече Николенко, додавајќи дека „Украина го предупреди Иран за последиците за соучесништво во војната“.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски