Украина: Пратеничката Скороход е шеф на криминална група

Од:

Националното биро за борба против корупција на Украина (НАБУ), Специјализираното обвинителство за борба против корупција и Службата за безбедност на Украина разоткрија криминална група предводена од пратеник во парламентот, објави денес НАБУ.

Иако Бирото изјави дека подоцна ќе објави детали за случајот, „Украинска правда“ објави дека станува збор за пратеничката Ана Скороход од партијата „За иднината“.

Во меѓувреме, Скороход напиша на социјалните мрежи дека во нејзиниот стан се спроведуваат истражни дејствија.

„Немам што да кријам, моите активности не се тајни. Сепак, времето и контекстот на овие настани водат до недвосмислени заклучоци. Ова го гледам како директен притисок врз опозицијата и обид за блокирање на моите политички активности поради мојата принципиелна позиција“, рече Скороход.

Би можело да ве интересира

Зеленски најави соработка со европските партнери за деблокирање на помошта за Украина

Руската одбрана собори 72 украински дронови

Семејства бараат враќање на повеќе од илјада Кенијци од војната во Украина

Русите лансираа смртоносна нова ракета

Седум лица загинаа во руски ракетен напад врз станбена зграда во Харков

Песков: Киев знае што е потребно за успешни преговори, но ситуацијата се влошува