Украина: Поради непријателски напади, некои наши позиции се уништени

Од:

Во правците на Купјанск, Краматорск и Торец, поради руските јуришни операции, уништени се одредени позиции на одбранбените сили на Украина, соопшти украинската војска.

„Поради непријателски напади и удари, некои наши позиции се уништени. Се преземаат мерки за спречување на влошување на тактичката позиција“, соопшти денеска на Телеграм украинската воена оперативна единица „Хортиција“, пренесува Укринформ.

Украинската војска исто така објави дека во текот на ноќта биле соборени 47 руски беспилотни летала, додека други 27 исчезнале од радарите без да стигнат до своите цели.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари