Украина побара од ЕУ голема воена помош

Од:

Украина побара од ЕУ да и испрати голема воена помош по „отвореното руско навлегување во земјата“, изјави украинскиот амбасадор во Унијата, Константин Елисеев.

– Бараме да се одржи вонредна седница на ЕУ на 30 август околу прашањата за Украина. Солидарноста треба да се материјализира преку значителни санкции и голема воена и техничка помош, истакна Елисеев.

Се очекува в сабота претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо да се сретне со украинскиот претседател Петро Порошенко и со него да ги разгледа прашањата околу поддршката, која ЕУ може да и ја даде на Украина, потенцира портпаролот на Комисијата, Џонатан Тод.

Меѓу темите за разговор ќе бидат и развојот на ситуацијата во источниот дел на Украина и претстојните парламентарни избори во земјата.

Портпаролот на европската дипломатска служба Маја Кочијанчич истакна дека ЕК е „многу загрижена“ од најавите за навлегување на руска војска во Украина.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите