Украина: Наместо тенкови ни требаат дронови

Од:

Украинската армија треба да се фокусира на масовна употреба на беспилотни летала, кои се поефикасни од ветените американски тенкови Абрамс, изјави советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко.

– Ни даваат 31 тенк Абрамс во вредност од 400 милиони долари. За оваа цена може да се произведат 400 илјади беспилотни летала камикази. Секој од беспилотните летала може да носи килограм експлозив. Доколку нашите пилоти се доволно обучени, ќе можат да ги уништат сите непријателски оклопни возила на растојание од неколку километри – напиша Герашченко на својот профил на Телеграм.

Тој истакна дека употребата на дронови кои летаат ноќе дава „одлични резултати“. Според него, беспилотните летала чинат меѓу 10 и 30 илјади долари, што е мала работа во споредба со другите видови оружје.

Би можело да ве интересира

Експлозии одекнуваат во Киев

(ВИДЕО) Орландо Блум се сретна со Зеленски: Твојот пораз ќе биде пораз на надежта, затоа мора да победиш

ВИДЕО: Објавена снимка од мистериозен црн круг на небото над Москва

Предраг Петровиќ

Објавен наводен разговор меѓу руски милјардер и продуцент: Путин е сатана

Украински генерал: Одбраната на Бахмут е воена потреба

Ана Ололовска

Секретарот на рускиот Совет за безбедност: Западот ја направи Украина воен камп

Ана Ололовска