Украина му одговри на Путин: Задржете си го лицемерието за сабе

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин нареди прекин на огнот во Украина кој ќе трае ден и половина. Примирјето, соопшти денеска Кремљ, е наредено од Путин со цел да се одбележи Божик, кој православните христијани го слават во сабота, се наведува во соопштението за печатот.

На таа одлука реагираше Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој го отфрли повикот на Путин за примирје. Кремљ претходно објави дека Путин му наредил на својот министер за одбрана Сергеј Шојгу да воведе 36-часовен прекин на огнот долж целата линија на фронтот во Украина, кој ќе трае од утре напладне по локално време до полноќ на 7 јануари.

„Прво: Украина не нападна странска територија и не убива цивили. Тоа го прави Руската Федерација. Украина само уништува припадници на окупаторската војска на својата територија“, објави Подољак на Твитер.

„И второ: Русија мора да ги напушти окупираните територии – само тогаш ќе имаме „привремено примирје“. Задржете си го лицемерието за себе“, рече Подољак.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски