Украина ќе избира нова Врховна Рада по старите правила

Од:

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, потпиша указ за распуштање на Врховната Рада. На формална основа дека за 30 дена парламентот не успеал да состави нова владина коалиција. Пратениците свесно ја растурија коалицијата составен пролета, овозможувајќи му го на шефот на државата уставното право да објави предвремени избори.

Последниот состав на Врховната Рада беше избран во 2012, со мандат до 2017 година. Мнозинството во него ја сочинуваа Партијата на регионите, компартијата и депутати избрани во мнозински окрузи и кои не членуваат во партијски фракции. Фактички, парламентот беше контролиран од екипата на Виктор Јанукович, но сепак претседателските сили немаа уставно мнозинство од 300 пратеници.

Откако Јанукович и министрите од неговиот кабинет избегаа во странство, Врховната Рада остана единствениот легитимен орган на власта.

Но во мај годинава, Украина избра нов претседател и прашањето за нов избор на Врховната Рада повторно стана актуелно. Распоредот на силите во денешниот парламент сосема не ја одразува ситуацијата во општеството. Мнозина пратеници избегаа од земјата, а други – на пример, од компартијата, не гласаат или воопшто не учествуваат на заседанијата. Откако штотуку ја положи претседателската заклева, Петро Порошенко изјави дека до крајот на годината ќе има предвремени избори за парламентот, и за тоа се согласуваат 80 проценти од населението. На 24 јули, парламентарните групи на УДАР и Свобода, предводени од Виталиј Кличко и Олег Тјагнибок, изјавија дека ја напуштаат владејачката коалиција. Така го сторија неопходното за претседателот да го искористи уставното право од 30 дена да изјави дека го распушта парламентот.

Беше превдидено минатиот месец да се искористи за донесување на нов изборен закон затоа што законодавството кое беше изгласано за време на управувањето на Јанукович беше ориентирано кон победа на пропретседателските сили. Освен тоа, стариот закон не одговара на уставот од 2004 година, кој повторно влезе во сила во март со акт на Врховната Рада. Во парламентот влегоа скоро 10 нови проекти, но ниту еден од нив не го помина првото читање. Официјални лица во Украина признаваат дека пратениците веќе нема кога да се договорат – ќе мора изборите да бидат спроведени според правилата од 2012 година.

Сегашниот закон предвидува мешан пропорционално-мнозински систем (225 пратеници се избираат од затворени партиски листи, и уште 225 од едномандатни окрузи). Не се предвидува на изборите да учествуваат партиски коалиции. А избирачката бариера беше подигната пред две години од три на пет проценти.

Сликата на мнозинскиот елемент во денешни услови значи дека следната Врховна Рада ќе вклучува не 450, туку 420-430 пратеници. Во доњецката и луганската област се формираат 32 окрузи, а самопрогласените Доњецка и Луганска народна република нема да дозволат гласање во 10-15 од нив, прогнозира Олесандар Черненко, шеф на Комитетот на избирачи во Украина. Уште 12 окрузи се на Крим, кој Украина го смета за „привремено окупирана територија“ – таму не може да стане збор за избори. Черненко всушност тврди дека ситуацијата нема да и наштети на легитимноста на Врховната Рада – според законот, парламентот е функционален и ако обезбеди уставно мнозинство до 300 депутати. „На правен план нема проблеми, но на политички може да се отворат некои прашања“, потенцира експертот.

Претседателот на сегашната Рада, Олександар Турчинов, во телевизијско интервју рече дека до датумот на изборите (на 26 октомври), антитерористичките операции во источна Украина може да завршат. И сите граѓани ќе можат да учествуваат на изборите за парламентот. Ако тоа не се случи, гласањето во некои окрузи и одделни делови во земјата може да се одложи. Уште не е одлучено каде и на каква основа ќе можат да гласаат бегалците (од источните отцепени региони).

Според експерти, составот на Врховната Рада ќе биде нов, но предвидлив. Првпат во Украина на заден план ќе биде административниот и финансискиот ресурс, смета Володомир Фесенко, шеф на аналитичкиот центар Пента. Затоа пак во денешни услови ќе стане уште позначајна улогата и имиџот на партиските лидери, потенцира тој. Како и претходно, избирачите нема да имаат можност да влијаат врз кандидатските листи, па дури и да се запознаат со нив, за да дознаат кого повел со себе во парламентот партискиот вожд.

Најголеми шанси да ја преминат бариерата имаат партиите Солидарност на Петро Порошенко (заради високиот рејтинг на претседателот), потоа Радикалната на Олег Лјашко, Баткившчина на Јулија Тимошенко, Удар на Витали Кличко и Свобода на Олег Тјагнибок. Заради малку останатото време, партиските проекти, изродени на Мајдан, како Демократска алијанса, Силата на народот, и Воља, нема како да организраат квалитетни предизборни кампањи. Политиколозите претходно предупредуваа дека новите партии ќе прават сојузи со препознатливи брендови, но старото законодавство не дава таква можност.

Деновиве, премиерот Арсениј Јацењук предложи начини да се изгладат пропустите во нормативната уредба, забранувајќи коалиции на изборите. Тој изјави дека секоја партија може да формира посебни кандидатски листи, но дека сите демократски сили треба да дејствуваат во единствен фронт. За таа цел, според него, треба уште во текот на кампањата да се договори идната парламентарна коалиција. „Да се сплотиме околу идејата за единствена, суверена и европска Украина – со цел да добиеме 300 гласа во новиот парламент. Проевропски и проукраински гласови“.

Независимаја газета – Москва

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“