Украина ќе го добие првиот воен авион Мираж 2000 на почетокот на следната година

Од:

Украина во наредните месеци ќе добие авиони Мираж 2000-5Ф од Франција, а првиот авион ќе биде испорачан на почетокот на следната година, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан Ноел Баро.

Ноел Баро на прес-конференција со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибих рече дека Франција ќе продолжи да и помага и да ја поддржува Украина, објави News of Ukraine.

„Нашата помош се манифестира во конкретни примери. Во одбранбениот сектор, на Украина и обезбедуваме воена опрема. Франција е и првата земја што обучува цела (украинска) бригада – бригадата Ана Киевскаја. Првиот авион Мираж 2000 ќе биде доставен до Украина на почетокот на следната година“, рече Баро.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На Украина и требаат десет системи Патриот

А1он

Ракетен напад на Днепар, бројот на ранети се зголемува

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува