Украина: Киев е отворен за консултации во врска со транзитот на нафтата на „Лукоил“

Од:

Украина е подготвена да учествува во консултациите со Европската комисија во врска со ситуацијата околу транзитот на нафтата на „Лукоил“ во случај да се искористи соодветниот механизам, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи Георгиј Тихи.

Тој посочи дека Украина високо ја цени соработката со Европската унија, Унгарија и Словачка и другите земји од ЕУ и го поздравува нивниот придонес во примената на санкциите против Русија, одвраќањето на агресијата и регионалната соработка.

„Одредбите од одлуката на Советот за национална безбедност се однесуваат само на комерцијалната активност на приватната акционерска компанија „Лукоил“ на територијата на Украина. Единствено што можам да додадам е дека ја потврдуваме нашата подготвеност да се вклучиме во консултации во рамките на рамка на механизмот за рано предупредување во согласност со Договорот за асоцијација на Украина и ЕУ, доколку Европската комисија донесе таква одлука за спроведување на овој анекс“, изјави портпаролот на украинското министерство, пренесува Укринформ.

Словачка и Унгарија соопштија дека престанале да добиваат нафта од нивниот клучен снабдувач Лукоил откако Украина во јуни воведе забрана за транзит на ресурсите на руската енергетска компанија преку нејзина територија.

Би можело да ве интересира

Москва: Киев не може да се согласи со обврските за решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Трамп: Зеленски ќе има големи проблеми ако се повлече од договорот за ретки минерали

Горан Наумовски

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Терехов: Харков е нападнат од руски беспилотни летала

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина