Украина ја забрани Украинската православна црква – Московската патријаршија поради наводни врски со Русија

Од:

Украинскиот парламент денеска даде зелено светло за забрана на Украинската православна црква – Московската патријаршија, која Киев ја обвинува за соработка со Русија.

Црквата, која тврди дека повеќе не е поврзана со Руската православна црква, ги отфрла обвинувањата на Киев и ја смета забраната за неуставна.

Пратеникот Јарослав Жележњак на Телеграм напиша дека пратениците го поддржале законот во прво читање. Законот сè уште треба второ читање и мора да биде потпишан од претседателот.

Законот ќе ги забрани активностите на верските организации поврзани со центрите на моќ во државата која врши вооружена агресија против Украина.

Друга пратеничка, Ирина Херашченко, го оцени гласањето како историско и прв чекор за отстранување на „московските свештеници од украинската земја“.

Украинските власти и многу граѓани со години веруваат дека Украинската православна црква е лојална на Москва. Од руската агресија во февруари 2022 година, покренати се 68 обвиненија против нејзините свештеници, вклучително и за велепредавство.

Би можело да ве интересира

Русија не го прифаќа примирјето што го договорија САД и Украина

Катерина Ѓуровски

Русите објавија фотографии: зазедовме клучен град во областа Курс

Захарова: Ако странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства

ВИДЕО: Нов, голем украински напад со дронови на руска територија

Катерина Ѓуровски

Русија има цел список со услови за примирје

Русија: Не исклучуваме разговори со Американците