Украина испрати ултиматум до НАТО во врска со нејзиниот прием

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха упати остра порака до НАТО, нагласувајќи дека Киев нема да прифати никакви други безбедносни гаранции освен полноправно членство.

Во писмото упатено до неговите колеги од земјите на НАТО, Сибиха наведува дека „целосното членство на Украина во Алијансата е единствената вистинска безбедносна гаранција за Киев, како и средство за одвраќање на натамошната руска агресија кон таа и кон другите земји“.

„Нема да прифатиме никакви алтернативи, сурогати или замени за полноправно членство во НАТО“, посочи Сибиха и додаде дека само овој чекор ќе ја потисне руската агресија.

Тој посочи дека претходните договори се покажале како незначителни, како што е Меморандумот од Будимпешта од 1994 година, кој требаше да ја заштити Украина откако таа се откажа од нуклеарното оружје.

„Неуспехот да се обезбеди Украина со вистински, ефективни безбедносни гаранции во 1990-тите беше стратешка грешка што Москва ја искористи“, напиша Сибиха, додавајќи дека грешката мора да се исправи.

Неговото писмо е испратено во пресрет на состанокот на дипломатите на НАТО во Брисел, каде ќе се разговара за досегашната поддршка за Украина.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Некои лидери на НАТО сакаат Украина да ја продолжи војната против Русија до последниот млад човек

Коваленко: На украинската војска не и е наредено да држи територија во руската област Курск

Русија: Руските вооружени сили гаѓаа воени аеродроми и складишта за муниција во Украина

Зеленски: На силите во регионот Доњецк им треба значително зајакнување

Руските сили уништија 24 украински беспилотни летала над Русија

Муцунски: Прерано е да се дискутира за прием на Украина во НАТО

А1он