Украина, енергетската безбедност и економската отпорност на ЕУ меѓу приоритетите на престојното Чешко претседавање со ЕУ

Од:

Украина, енергетската безбедност, одбраната и кибер-безбедноста, економската и демократската отпорност ќе бидат главните теми на политичката агенда на претстојното чешко претседателство со ЕУ.

Во нацрт-интерниот документ чии делови објавува „Еуроактив“, се посочува дека целите на Чешката Република како претседавач со Советот на Унијата од 1 јули е што е можно повеќе да придонесе за создавање услови за безбедност и просперитет на ЕУ во контекст на европските вредности на слобода, социјална правда, демократија и владеење на правото и одговорност за животната средина.

Во документот што треба да биде објавен на 15 овој месец уште се посочува решеноста на Прага да работи со Европската комисија за редистрибуција на средствата од ЕУ на членките кои ги отворија вратите за бегалците за да им помогнат во справувањето со хуманитарната криза.

Дополнително, „чешкото претседателство ќе работи на консензус за доделување кандидатски статус (за ЕУ) на Украина“, се вели во нацртот.

Меѓу приоритетите е економската отпорност на ЕУ, особено откако руската инвазија на Украина го предизвика најголемото нарушување на пазарите на суровини последните пет децении.

„ЕУ мора значително да ја намали својата зависност од непријателски или нестабилни режими“, стои уште во нацрт-документот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала