Украинскиот Центар за стратешки комуникации предупреди дека не може да се исклучи дека Белорусија денес ќе покрене инвазија над Украина, по состанокот во Москва помеѓу рускиот и белорускиот претседател, Владимир Путин и Александар Лукашенко.
„По прелиминарните податоци, белоруски сили би можеле да запчнат инвазија на 11 март во 21 часот“, објави Центарот, што е 20 часот по средноевропско време.
Украинските воздухопловни сили претходно соопштија дека руските авиони гаѓале белоруска населба во близина на границата со Украина од украински воздушен простор, како би испровоцирале и Белорусија да се вовлече во војна.