Украина бара струја од Русија

Од:

Киев денеска соопшти дека ќе се обиде да обезбеди електрична енергија од Русија, бидејќи и снема јаглен кој во наголема мера се произведува во источна Украина каде се одвиваат конфиктите.

-Официјална Москва бара претходно ветување дека Киев еден дел од електричната енергија ќе ја преусмери на Крим. Тоа е нивниот услов, изјави украинскиот министер за енергетика, Владимир Демчишин и додаде дека Украина засега не увезува струја од Русија, пренесе агенцијата Франс Прес.

Украина околу 40 насто од електричната енергија добива од електраните на јаглен и секогаш имаше суфицит.

Меѓутоа осуммесечниот судир со проруските сили во Донецк и Луганск, регионите кои прозиведуваат големи количества јаглен, предизвика затворање на многу рудници.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион