Украина: Американските документи се мешавина од вистина и лаги

Од:

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека документите, наводно, објавени од Пентагон се мешавина од вистина и лаги за украинската војска.

„Во него има многу информации кои не соодветствуваат на реалноста. Информациите кои не соодветствуваат на реалноста ја изгубија својата важност. Тоа е мешавина од вистина и лаги“, рече Резников на брифингот во Мадрид со шпански колега.

Тој исто така рече дека верува оти протекувањето на документите е намерен обид да се создаде раздор меѓу сојузниците на Киев.

„Ова, се разбира, е од корист за Русија и нејзините сојузници или поддржувачи. Целта на ова е да се намали довербата меѓу нашите партнери, особено САД и другите земји, и тоа ми е сосема очигледно и јасно“, заклучи тој.

Американските власти се обидуваат да утврдат кој е одговорен за протекувањето на доверливи документи додека украинските сили се подготвуваат за пролетна контраофанзива. Резников рече и дека не се точни сугестиите во овие документи дека специјалните сили на НАТО дејствуваат во Украина.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека документите може да се лажни и намерен обид да се измами Москва. Кремљ соопшти дека не знае колку се автентични документите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем напад на Русија, пожар во магацин за др онови „Шахед“

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ