Украдени чевли на жртвите од Холокаустот од поранешениот логор во Полска

Од:

Осум стари чевли, што им припаѓале на еврејските жртви на Холокаустот, во текот на Втората светска војна, се украдени од еден поранешен концентрационен логор во Полска.

Чевлите се украдени од музејската постановка во логорот Мајданек, близу до полскиот град Лублин, во периодот меѓу 18 и 20 ноември, годинава, соопшти локалната полиција.

Од музејот на овој логор, претходно украден пепел од убиените и кремирани поранешни логораши, како и едно мало логорско капче.

Повеќе од 78 илјади луѓе беа ликвидирани од германските нацисти во гасните коморо на логорот Мајданек. Тој беше отворен во 1941 година и постоше се до 1944 година, кога беше напуштен пред налетот на советската армија.

Околу 56 илјади чевли се оставени во посебен дел од логорскиот музеј, за да потсетуваат на обемот на злосторствата што ги имаат извршено нацистите врз Евреите, изјави претставник на музејот.

Овој претставник објасни дека кражбата била откриена кога редарите забележале дека е исечена металната мрежа со која е ограден просторот каде се чуваат чевлите на некогашнте логораши.

Во октомври годинава, непознати сторители го украдоа металниот натпис на влезот од концентрациониот логор во Дахау, во Германија.

Станувза збор за познатиот нацистички слоган од тоа време, дека „работата те ослободува“ што бил прикачуван над големите влезни врати од концентрционите логори, прикажувани како работни кампови, а не места за масовна ликвидација на невини луѓе.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Путин ја спореди опсадата на Ленинград со холокаустот

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух