Платно со капка крв на поранешниот папа Јован Павле Втори е украдено од катедралата во Келн, пренесе Танјуг.
Исчезнувањето на реликвијата го пријавил посетител, соопштуваат од германската полиција.
Реликвијата била чувана и изложена во стаклен сад кој се наоѓал под скулптурата поставена во знак на сеќавање на посетата на папата во Келн во 1980-та година.
Папата Јован Павле Втори беше поглавар на римокатоличката црква од 1978 до својата смрт во 2005 година.