УКИП и Најџел Фараж бараат референдум за напуштање на ЕУ во јули 2015 година

Од:

Лидерот на британската евроскпетична Партија на независноста на Обединетото Кралство (УКИП) Најџел Фараж, побара ид владеjачката Конзервативна партија на премиерот Дејвид Камерон, да се согласат референдумот за напуштање на ЕУ, да се оддржи во јули 2015 година, доколку сакаат да ја имаат нивната поддршка во британскиот Парламент.

Во УКИП веруваат дека оваа партија, која е во силен подем, на парламентарните избори во мај идната година ќе може да освои дури 25 пратенички места, а дека конзервативците на Камерон ќе победат, но без да можат самите да формираат нова Влада.

Фараж и неговите веруваат дека на следните избори УКИП ќе биде „партијата на балансот“ во Вестминстер, како што тоа во 2010 беа либералдемократите на заменик-премиерот Ник Клег, па затоа уште од сега му нудат договор на Камерон. Услов за тоа е порано одржување на референдумот за ЕУ.

Стратезите на УКИП проценуваат дека ториевците ќе останат без значително ослабнатите либералдемократи, па во тој случај, старо-новиот премиер ќе мора да се определи за формирање малцинска влада, на која Фараж и нуди сојуз, за да ја подржува при парламентарното гласање за сите витални државни прашања.

Камерон уште минатата година најави референдум за напуштање или останување на Велика Британија во ЕУ, до крајот на 2017 година, доколку ториевците победат на изборите во мај идната година и самите формираат влада. Според планот на Камерон, пред референдумот, Лондон и Брисел ќе водат нови прговори за идниот статус на Британците во Унијата.

– Не сум подготвен да чекам следните три години (за референдумот) околу прашањето со ЕУ, изјави Фараж, објаснувајќи дека јули идната година, би можело да биде идеален термин за изјаснувањето на Британците околу тоа дали сакаат и натаму да бидат дел од ЕУ.

Лидерот на УКИП тврди дека брзањето со референдумот е неопходно, затоа што според неговите проценки, во следните три години до референдумското изјаснување, ,„дури едем милион имигранти, главно од ЕУ, ќе дојат во Велика Британија“.

Познавачи на политичките состојби на британската сцена, пак, веруваат дека УКИП и Фараж брзаат, затоа што стравуваат дека за три години ќе дојде до слабеење на евроскпетицизмот и до пад на процентот на подржувачите на идејата за напуштање на ЕУ.

Противниците на УКИП, собрани меѓу лабуристите и либералдемократите, го обвинуваат Фараж за ксенофобија и десничаски популизам, тврдејќи дека евроскпетицизмот му е само изговор. Тој ги отфрла ваквите обвинувања, но не ја демантира изјата оти му пречи што во јавниот сообраќај низ британскте градови, се слушаат луѓе кои зборуваат само на странски јазици.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство