Укинат роамингот за земјите во ЕУ

Од:

Од денеска стапува на сила укинувањето на роаминг за сите корисници на мобилни телефони во земјите на Европската Унија. Ова олеснување, за кое се водеше битка осум години нема да важи за македонците, бидејќи новата регулоатива е само за земјите на ЕУ/ЕЕА, така што Македонија не спаѓа во регулативата.

Олеснувањето што од денеска почнува да се применува во земјите во ЕУ предвидува корисниците во роаминг или во мобилните мрежи во странство да плаќаат цени од своите тарифи во матичните земји. Сепак, познавачите предупредуваат на претпазливост при трошењето на мобилниот интернет и советуваат корисниците да користат бесплатен wi-fi онаму каде што е возможно.

„Ако во вашата земја имате неограничена тарифа за податоци и евтина мобилна тарифа за податоци, вашиот оператор може да примени ограничување на податоците во текот на роамингот. Ако е тоа случај, операторот мора претходно да ве извести и да ве предупреди“, советуваат од Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски