УХМР: До сабота времето ќе биде сончево и многу топло

Од:

Под влијание на топол бран до сабота (26 јули) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Утре, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер.

Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули.

Во југозападниот, источниот и североисточниот регион температурата ќе се движи во интервал од 34 до 38 степени Целзиусови.

Во Полошкиот регион од 32 до 38 степени, во Пелагонија 38 до 40 степени, а во Скопскиот, Вардарскиот и југоисточниот регион од 38 до 42 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

Денеска ќе биде сончево и многу топло, температура до 40 степени

Од денеска до 13 август: Топлотен бран ја зафаќа земјава

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне услови за дожд

Турција регистрираше 50 степени за прв пат во историјата

Горан Наумовски

Во центарот на Чачак беа измерени неверојатни 54 степени

Горан Наумовски