Учеството на двата бомбардери Б-2 во вежбите во Јужна Кореја ги чинело САД 2,1 милиони долари

Од:

Воено-воздухопловните сили на САД објавија дека 2,1 милиони долари ги чинело испраќањето на двата бомбардери Б-2, способни да носат нуклеарно оружје, во тренажниот лет над Јужна Кореја.

Вкупното време на летање на двата Б-2 „Спирит“ било 75 часа, изјави претставник на воено-воздухопловните сили. Авионите изминале 10.500 километри од военовоздухопловната база Вајтман во државата Мисури до Јужна Кореја и обратно во четвртокот.

Испраќањето на авионите беше во рамки на заедничките воени вежби на вооружените сили на САД и Јужна Кореја, што се организираат секоја година.

Според соопштението на американската команда тоа ја демонстрира способноста на САД да нанесат прецизни напади на далечни растојанија, како и одлучноста да ја гарантираат безбедноста на сојузниците во Азиско-пацифичкиот регион.

Би можело да ве интересира

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени