Деветтоодделенец рани соученик во средно училиште во Чељабинск користејќи пластичен самострел и сигнален пиштол, соопшти прес-службата на регионалната влада.
Инцидентот се случи кога напаѓачот пукаше со сигналниот пиштол, а потоа се обиде да избега низ прозорец, при што се повред, објави РИА Новости.
Двајцата ученици се хоспитализирани, но нивните животи не се во опасност.
Наставата во училиштето е прекината, а обвинителството ќе ги провери безбедносните мерки и контролата на пристап во образовната институција. Покрената е кривична постапка за обид за убиство.
