Убиството на полицаецот на Флорида не е расно мотивирано

Од:

Синоќешното убиството на полицаецот во Флорида не било мотивирано од расна одмазда и не е поврзано со убиството на двајцата полицајци во Њујорк, пренесе ТАСС.

Во текот на ноќта меѓу саботата и неделата во полициската служба на градот Тарпон Спрингс, во американската сојузна држава Флорида, бил добиен повик дека локален жител го нарушува мирот, удирајќи по вратите и барајќи го својот пријател.

Кога 45-годишниот полицаец Чарлс Кондек пристигнал на местото каде се создавал проблемот, 23-годишниот Марко Парила неочекувано отворил оган, по што веднаш се обидел да се сокрие, но со автомобилот предизвикал сообраќајна незгода и бил уапсен.

Парила во март годинава бил ослободен од затвор, каде одлежувал казна за различни обвиненија, вклучувајќи и продажба на наркотици. Парила му се извини на семејството на загинатиот, вклучувајќи ги неговата сопруга и шестте деца.

Двајца полицајци од Њујорк беа прострелани од 28-годишниот Исмаил Бринсли, пред самиот да се убие. Тој оставил порака на Инстаграм, во која зборувал за одмазда кон полицијата заради смртта на убиен афроамериканец.

Истрагата покажува дека тој бил психички неурамнотежен. Минатата година тој се обидел да се обеси.

По повод убиството извршено од Бринсли американскиот претседател Барак ОБама разговараше со началникот на полицијата во Филаделфија, Чарлс Рамзи. Неодамна Обама го назначи Рамзи за копретседател на специјалната комисија, која ќе ја разгледува работата на полицијата во САД. За време на разговорот Обама побарал од Разми да ја искористисвојата комисија за да ја поддржи неговата порака дека ваквите активности против полицијата треба да прекинат.

Би можело да ве интересира

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа