Убиство во Германија: Внук со секира ја обезглавил својата 100-годишна баба Амелија

Од:

Артур Б.(37) од Хамбург е уапсен откако наводно со секира ја обезглавил својата баба Амелија (100).

Обдукцијата покажала дека причина за смртта на старицата е скршеница на цервикалниот дел од ‘рбетот со остар предмет.

При обдукцијата, судскиот вештак утврдил дека жената еден од ударите го добила со секира во грбот.

Оружјето со кое била убиена старицата е пронајдено на местото на злосторството.

Осомничениот не сакал да ја признае вината, најави главниот државен обвинител.

Се уште не е познат мотивот за нападот.

Соседите велат дека Амелија била прекрасна и дека со неа секогаш имале одличен однос.

„Претходно Амелија ни кажа дека нејзиниот внук упаднал во нејзиниот стан преку терасата и сакал да и ги украде парите“, раскажала сосетката.

Сосетката додаде дека бабата и нејзиниот внук често се расправале.

„Внукот често доаѓаше кај неа и се грижеше за неа, но тие често се расправаа“, изјавила таа за германските медиуми.

Новинарите на Билд разговараа со братучедот на Артур кој го опиша како „црната овца на семејството“.

“Работеше повремено. Беше главно невработен и постојано му требаа пари. Сите во семејството го избегнуваа”, вели роднината.

Артур веќе и е познат на полицијата поради помали кривични дела.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски