Убиените војници во Авганистан се Американци по грешка нападнати од силите на НАТО

Од:

Петмина амрикански војници се убиени по грешка од силите на НАТО,во инцидент што се случи во Јужен Авганистан,откриваат американски извори во Кабул.

Еден авганистански војник и преведувач се исто така убиени во воздушниот напад што го извршиле сојузничките авион,кои учествувале во воената интервенција на НАТО во провонцијата Забул.

– Коалиционите сили кои биле во тој реон,побарале воздушна подршка,откако биле нападнати од талибанците,пред крајот на операцијата на НАТО, изјави претставник на авганиската војска,објаснувајќи дека притоа,по грешка,биле нападнати и сопствените позиции.

НАТО покрена опсежна истрага за тоа како дошло до овој трагичен инцидент во кој седум луѓе,војници и еден цивил,се убиени во т.н. „пријателски оган“.

Ова е еден од најтешките инциденти од ваков вид,од почетокот на воената интервенција на меѓународните сили,предводени од НАТО,во есента 2001 година. Милитантните исламистички групи ги интензивираа своте напади,во изминатите недели,како се приближува рокот за повлекувањето на странските сили,што треба да заврши до крајот на оваа година.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Четиричлено семејство загина во пожар во станбен комплекс во Канзас Сити

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина