Убиениот напаѓач во Виена имал потекло од тетовско Челопек

Од:

Напаѓачот кој синоќа во Виена уби четворица цивили, а повреди седумнаесетмина, Кујтим Фејзулаи, е роден во Модлинг, Австрија, а неговите родители се од тетовското село Челопек, неофицијално велат за „А1он“ полициски извори.

Македонското Министерство за внатрешни работи добило барање од австриската полиција за соработка и информации поврзани со терористичкиот напад, а утрово австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер потврди дека убиениот напаѓач во Виена има потекло од Македонија и големо криминално досие.

Министерот Нехамер рече дека напаѓачот, имал 20 години и бил осуден за терористичко здружување.

„Кујтим Фејзулаи, на 25 април минатата година бил осуден на 22 месеци затвор поради обид да отпатува во Сирија за да се приклучи на Исламската држава“, рече министерот Нехамер.

Фејулаи бил ослободен од затвор, условно на 5 декември минатата година, бидејќи, врз основа на неговата возраст, бил опфатен со поблаго законодавство предвидено за помлади престапници.

„Тој бил опремен со лажен појас за бомби, автоматска пушка, пиштол и мачета, оружје со кое го изврши грозоморниот напад врз невини граѓани“ рече министерот Нехамер.

Тој јави дека биле извршени претреси во 15 станови во околината на напаѓачот.

За македонското потекло на убиениот напаѓач претходно објави главниот уредник на весникот „Фалтер“.

Би можело да ве интересира

Повторно хаос на божиќен пазар – пијан маж се шетал со гасен пиштол во Виена

А1он

ИЕП: Рапидно зголемен бројот на убиени во западна Европа поради десничарски радикализам

Ана Ололовска

Нови детали за нападот во Виена: Видео кое открива соработник на Кујтим Фејзулаи

Катерина Ѓуровски

Виенскиот терорист Кујтим Фејзулаи бил дел од меѓународна исламистичка мрежа

Жарко Настоски

Терористот од Виена минатата пролет обезбедувал болница

Ана Ололовска

Османи кај семејството на момчето кое загина во нападот во Виена: Tероризмот е опасна закана за сите нас

Ана Ололовска