Убиени во обид да украдат труп

Од:

Мексиканската полиција уби четворица припадници на нарко картел, кои се обиделе да го украдат телото на локалниот нарко бос, јавија официјални лица.

Осомничените членови на нарко бандата биле убиени во источниот град Веракруз, додека се обидувале да го украдат телото на Анхел Енрике Усканге, лидер на екстремниот картел Зетас во другиот град – Кордоба.

Мексиканските власти потврдија дека Усканга и пет други лица се убиени во четвртокот во полициска рација, пренесе АФП.

Во октомври, мексиканските власти го убија главниот лидер на картелот Зетас, “кралот на дрогата” Хериберто Лазкан, но вооружена група, неколку часа подоцна, го украде неговото тело од куќата, од која требаше да биде пренесено до гробиштата.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви