Убиени тројца новинари, а повеќе од 30 се ранети во Украина, од почетокот на руската инвазија

Од:

Тројца новинари се убиени, а повеќе од 30 се ранети во Украина од почетокот на руската инвазија, изјави денеска Људмила Денисова, претставник за човекови права во украинскиот парламент.

„Најмалку 35 новинари се повредени“ од руските сили, а тројца од нив се убиени, објави Денисова на нејзиниот профил на Телеграм.

Американецот Брент Рено беше застрелан во неделата во северозападното предградие на Киев. Другите двајца убиени новинари се Украинци. Станува збор за Евгени Сакун, кој загина во гранатирање на ТВ кула во Киев и Виктор Дудар, кој загина во близина на Николаев.

Меѓу повредените новинари има Швајцарци, Чеси, Данци и Британци.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила

Ќе треба многу време за да се постигне мирно решение во Украина

Горан Наумовски

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Патрушев: Украина ќе престане да постои