Убиени шест војници на НАТО

Од:

Шестмина американски припадници на ИСАФ-трупите предводени од НАТО настрадале од експлозија на бомба поставена на работ на патот, соопшти претставник на Алијансата. Кратко претходно бил убиен еден војник на НАТО при напад на бунтовниците во јужниот дел од земјата.

Авганистанските власти соопштија дека во серијата бомбашки напади во провинциите Хелманд и Кандахар настрадале најмалку 28 цивили и полицајци. Меѓународната заедница во меѓувреме му вети на Авганистан цивилна помош во висина од повеќе милијарди по завршувањето на воената мисија на НАТО во 2014. година. Но, помошта е условена од подобра работа на владата во Кабул.

Во завршнатата декларација на Конференцијата одржана во Токио се вели дека нациите даватели на помош до крајот на 2015. година ќе стават на располагање повеќе од 16 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан