Девет ученици загинаа при напад врз едно приватно училиште во североисточниот дел на Нигерија. Децата биле убиени додека решавале тестови.
Нападот се случил во градот Маидугури, кој се наоѓа во областа позната како упориште на исламската екстремистичка група Боко Харам.
Полицијата се уште не се огласила официјално во врска со нападот. Боко Харам, што во буквален превод значи „западното образование е грев“, е одговорна за повеќе напади врз училишта во североисточниот дел на Нигерија.
Од 2009 година во нападите извршени од оваа група загинале околу 3.600 лица.