Убиени две новинарки и политичарка во Финска

Од:

Две новинарки и политичарка се убиени во вооружен напад на излегување од ресторан во Имарта, мал град во југоисточна Финска, соопшти полицијата. Уапсен е маж осомничен за нападот.

Претседателката на градскиот совет во Иматра и двете локални новинарки биле застрелани во пешачка зона пред ресторанот, непосредно пред да пристигне полициска патрола на местото на злосторството ноќеска околу полноќ, соопшти портпаролот на полиција Хели Јамсен-Турки.

Полицијата соопшти дека две од жртвите биле на возраст од 50-тина години, една од нив на 30 годишна воздраст. Полицијата приведе локален 23-годишник кој не пружал отпор при апсењето. Трите жртви се застрелани неколку пати во главата и во телото. Засега не е познат мотивот за убиството. Иматра, гратче со 28 илјади жители, се наоѓа на 320 километри источно од Хелсинки.

Во Финска, земја со 5,4 милиони жители со силна ловечка традиција, официјално има 650.000 сопственици на оружје, но убиствата со огнено оружје се невообичаени.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски