Нигериските војници уапсија 26 осомничени припадници на исламистичката организација Боко Харам, а убија двајца во рацијата извршена по нападот во кој загинаа двајца индиски државјани.
Рацијата е извршена во градот Мајдигури, каде се наоѓа базата на Боко Харам.
„Во операцијата се уапсени 26 терористи и убиени најмалку двајца осомничени припадници на Боко Харам. Некои од убиените и уапсените се одговорни за убиството на двајцата Индијци, еден свештеник и уште неколку убиства претходно во Мајдигури“, се наведува во соопштението на специјалната воена единица во овој регион.
Напаѓачите, са кои постои сомневање дека се припадници на Боко Харам, во средата извршиле напад врз една фабрика во Мајдигури, при што убиле двајца индиски државјани и украле околу 600 долари.