Убиени двајца лидери на „Муслиманско братство“ во Египет во престрелка со полицијата

Од:

Висок претставник на забранетото исламистичко движење во Египет „Муслиманско братство“ бил убиен вчера во престрелка со полицијата, соопшти египетското Министерство за внтарешни работи.

Шеесет и едно годишниот Мохамед Камал бил одговорен за „военото крило“ на организацијата. Тој бил убиен заедно со друг лидер на „Муслиманско братство“, Јасер Шехата.

Полицијата извршила упад во стан во Каиро откако добила информација дека бил користен од „Муслиманско братство“ како седиште.

Камал бил осуден во отсуство на доживотен затвор, а Шехата на 10 години затворска казна.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ас Сиси ги презема најжестоките мерки против исламистите во современата историја на земјата, откако во јули 2013 година го собори од власт својот претходник Мохамед Морси од „Муслиманско братство“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува