Три лица се убиени денеска во најновите напади врз здравствени работници кои вршат вакцинација против детска парализа во Пакистан.
Со овој напад, од понеделникот кога е започната вакцинацијата, убиени се вкупно девет здравствени работници, соопштија пакистански службеници.
Поради серијата смртоносни напади во изминатите три дена УНИЦЕФ и Светската здравствена организација ја прекинаа кампањата за вакцинација против детска парализа во Пакистан.
Една жена, здравствен работник, и нејзиниот возач се убиени денеска во Чарсади, во близина на Пешевар. Здравствениот работник, што денеска беше тешко повреден во предградие на Пешевар, почина од повредите, изјави доктор во болницата Ахмед Саклеин.
Напаѓачи извршија неколку напади врз здравствени работници во Пакистан, ден откако убија четири жени, кои беа дел од кампањата за вакцинација против детеска паралзиа, на која се противат талибанците.
Пакистан е една од трите земји во светот каде постои детска парализа, но напорите да се искорени оваа заразна болест се отежнати поради отпорот на талибанците, кои се противат на тимовите за вакцинација во некои области.