Непознати напаѓачи убија девет сириски полицајци во село во близина на границата со Јордан.
Нападот е извршен во провинцијата Дара, каде во март 2011 година почна бунт против Владата, кој подоцна прерасна во граѓанска војна во која се загинати повеќе од 400.000 лица, а раселено е половина население од земјата.
Опозицискиот Сириски центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, објави дека напаѓачите ги киднапирале деветмината полицајци пред да ги убијат, а нивните тела ги оставиле на улица.
Засега никој нема преземено одговорност за нападот.