Изминатата ноќ во својот дом во Пешавар беше убиена пакистанската секуларна политичарка Неџма Ханиф, соопшти денеска пакистанската полиција.
Ханиф (35), беше угледна членка на Авами националната партија (АНП), која ја карактеризира отворен непријателски став кон талибанците и поддршка за воените операции против бунтовниците.
Еден или двајца неидентификувани напаѓачи ја убиле Ханиф во нејзиниот дом во Пешавар, користејќи пиштол со придушувач.
Во новември 2011 година во напад на талибански бомбаш самоубиец настрадаа мажот и синот на Хахиф.
Членови на партијата АНП често пати се цел на талибанците, а досега настрадаа стотици нејзини активисти.