Двајца маскирани мотоциклисти во центарот на главниот град на Непал, Катманду го убиле врховниот непалски судија Рана Бахадур Бам.
Напаѓачите отвориле оган врз автомобилот на судијата во кој бил тој со неговиот телохранител и уште еден патник кои се повредени во инцидентот, а возачот на автомобилот поминал без последици.
Судијата излегувал од молитва во хиндуистичкиот храм со својот автомобил, тргнат на работа. Убијците со своите мотори се испречиле пред автомобилот и отвориле оган.
Напаѓачите веднаш побегнале од местото на нападот, а повредените лица се префрлени во болница.
Полицијата во Катманду постави блокади на сите патиштата во градот.