Убиен водачот на мексиканскиот нарко картел Ла Фамилија Мичоакан

Од:

Водачот на мексиканскиот нарко картел Ла Фамилија Мичоакан, Пабло Хаиме Кастрехин беше убиен во престрелка со силите за безбедност, пренесува ДПА.

Пабло Хаиме, познат како Ла Марана, бил запрен заедно со уште три лица од армиска патрола во саботата во населбата Охо де Агуа де Лувианос.

Четворицата веднаш отвориле оган врз војниците. Во престрелката биле убиени Кастрехин и двајца од неговите придружници, а третиот успеал да избега.

Ла Марана бил најмоќниот нарко шеф во регионот Тиера Калиенте. Тој е обвинет за убиство на тројца полицајци во 2008 година.

Во јули мексиканските сили за безбедност успеаа да ги уапсат шефовите на нарко картелите Лос Сетас и Халиско Нуева Хенерасион.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Серија разорни земјотреси, паника во Мексико

ВИДЕО: Мексиканец се обидел да киднапира авион и да го упати кон САД, го спречиле патниците

ДЕА: 15 милиони долари за информации што би довеле до апсење на Ел Менчо, водач на озлогласениот картел CJNG

А1он

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ