Убиен шеф на картел, вмешан во исчезнувањето на мексиканските студенти

Од:

Мексиканецот, Бењамин Мондрагон, еден од шефовите на картелот „Гарерос Јунитос”, кој што беше обвинет за вмешаност во исчезнувањето на 43-те студенти, загинал во тек на полициска операција.

Како што пренесе „Франс прес“, портпаролот на полицијата рекол дека Мондрагон бил „мозокот“ на „Гарерос Јунитос“ и дека тој би извршил самоубиство, отколку да се предаде, но дека овој сомнеж треба да го потврди државното обвинителство.

Локалните медиуми пак наведуваат дека го убила полицијата во тек на операција во градот Џиутек, кој се наоѓа на околу 90-ти километри од Мексико Сити.

Инаку се уште не е утврдено дали „Ел Бањамон“ учествувал во нападот на студентите во државата Гуеро, во кој загинаа 6 лица и 43 исчезнаа.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви