(ВИДЕО) Убиен имам во Њујорк

Од:

Имамот на една џамија во њујоршкиот кварт Квинс е убиен во пукање, а уште едно лице е повредено и хоспитализирано во критична состојба.

Њујоршката полиција соопшти дека имамот Маулама Аконџи (55) и неговиот помошник 64-годишниот Тара Јудин се убиени вчера среде бел ден, околу 14 часот по локално време во делот на Квинс, кој се нарекува Озон Парк.

Десетици гневни њујоршки муслимани се собрале на местото на убиството, и се убедени дека станува збор за убиство од одмазда. Еден од нив во изјава за весникот рекол дека го обвинуваат републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп зашто создал атмосфера на исламофобија во САД.

Изворите на NBC News велат дека на двајцата мажи им било пукано во главите. Прелиминарните сознанија на истрагата укажуваат дека станува збор за ограбувач кој дејствувал сам.
Очевидци го опишале напаѓачот како висок латино тип, со голем пиштол облечен во темна кошула и куси панталони. Полицијата засега тврди дека не станува збор за убиство од одмазда.

Локалните жители го опишале имамот како побожен и почитуван член на заедницата, кој за десетина дена требало да замина за Бангладеш за присуствува на свадбата на неговиот син, а со џамијата раководел од пред четири години. /крај/мф/сн
Во тој кварт, на границата меѓу Квинс и Бруклин живеат голем број муслимански семејства од Бангладеш.

Од канцеларијата на њујоршкиот градоначалник нагласуваат дека полицијата ги истражува сите можности, па и тие дека станува збор за злосторство од омраза.

Би можело да ве интересира

Тројца осомничени за вчерашното убиство во Бања Лука

ОЈО за двојното убиство во скопското село Стајковци: Го убил братот и сопругата на починатиот брат

Горан Наумовски

Двојно убиство во скопското село Стајковци: Си ги убил братот и снаата

Горан Наумовски

Во Франција: Убиени двајца затворски чувари, а тројца се ранети во заседа

Руски наредник уби командант и пет војници

Потврдено обвинението против Беќировиќ, која со пиштол уби жена додека детето гледало