Командант на Ал Каеда и уште десет членови на Ал Каеда загинаа во вчерашниот воздушен напад на американско беспилотно летало во Северозападен Пакистан, соопштија племенски претставници.
Абу Заид и неговите борци загинаа откако беше нападнато нивното скривалиште во Северен Вазиристан, во близина на границата со Авганистан. Заид во скривалиштето се преместил пред неколку денови.
Претставници на пакистанската служба за безбедност соопштија дека загинал еден од командантите на Ал Каеда, но не го потврдија неговиот идентитет.
Заид го замени Абу Јахија ал Либи во јуни, откако Либи загина при американски воздушен напад