Убиецот на 10 Афроамериканци во САД доби доживотен затвор, член на семејството на убиениот се обиде да го нападне

Од:

Млад приврзаник на идеологијата на белата надмоќ над црното население денеска е осуден на доживотен затвор без можност за условно ослободување за убиството на десет Афроамериканци во 2022 година во Бафало, во западната држава Њујорк.

Пејтон Гендрон (19) се изјасни за виновен по вкупно 15 точки од обвинението, вклучително и убиство и тероризам од омраза за масовното пукање во Бафало на 14 мај.

Откако неколку роднини на убиените зборуваа за нападот, Гендрон им се извини на семејствата на жртвите, велејќи дека сега не може да поверува што направил и се надева дека неговото злосторство нема да ги мотивира другите да го следат неговиот пример. Тоа е еден од најсмртоносните напади извршени во последниве години во САД.

„Многу ми е жал за целата болка што им ја предизвикав на жртвите и на семејствата“, рече Гендрон.

„Не можам да изразам колку жалам за сите одлуки што доведоа до акциите на 14 мај. Направив страшна работа тој ден. Пукав и убив луѓе бидејќи беа црнци“, додаде тој.

Во пресрет на изрекувањето на пресудата, член на семејството на еден од убиените сакаше да го удри Гендрон, но полицијата спречи поголем инцидент.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски