Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите

Од:

Литванската Централна изборна комисија денеска соопшти дека на вчерашните претседателски избори актуелниот претседател Гитанас Науседa освоил убедливо најмногу гласови, односно 44,54 отсто, додека второто место го освои премиерката Ингрид Шимонита со 19,94 отсто, врз основа на 100 отсто од преброени гласови.

Своето право на глас го искористиле 59,37 отсто од граѓаните на Литванија, што е најголема излезност во таа земја во последните две децении, а бидејќи ниту Наузеда ниту Шимонита не освоиле повеќе од 50 отсто од гласовите, вториот круг од изборите ќе се одржат на 26 мај.

Наузеда и Шимонита веќе излегоа во вториот круг од претседателските избори во 2019 година, а потоа Науседа освои 66,53, а Шимонита 33,47 отсто од гласовите.

Би можело да ве интересира

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Литванија затвори два гранични премини со Белорусија поради Вагнер

(ВИДЕО) НАТО самит на 150 километри од Русија: Вилнус претворен во воена тврдина

Катерина Ѓуровски

Литванија им забранува на Русите и на Белорусите да поседуваат оружје

Ана Ололовска

Литванија: Испратете системи за воздушна одбрана на НАТО

А1он

Литванија ќе биде подготвена да прими германска воена бригада до 2026 година

А1он