Во Хаг се уапсени 166 демонстранти поради насилство врз полицијата.
Околу 200 демонстранти синоќа во Хаг протестираа под мотото „Стоп за угнетувањето на антифашистите и анархистите’.
Собирот беше одобрен од Градот Хаг, но под услов демонстрантите да не го покриваат лицето.
– На почетокот на демонстрациите одреден број на демонстранти ги покрија лицата со шал, капа или наочари за сонце. Бидејќи одбија да ги откријат лицата градската управа нареди да биде прекинат собирот, што наиде на отпор од 166 демонстранти, се наведува во соопштението на полицијата.
Исто така се наведува дека откако полицијата почнала да апси на земја се најдени нелегални пиротехнички средства, стапови и чекан.