Уапсено едно лице осомничено за големиот пожар во Оксфордшир во Англија

Од:

Едно лице е уапсено во врска со големиот пожар што ги зафати просториите на регионалниот совет на англиската област Оксфордшир, соопшти локалната полиција во Оксфорд.

Станува збор за човек на 47-годишна возраст, чиј идентитет засега не се открива. Апсењето е извршено откако сведоци ја известиле полицијата дека едно возило било намерно турнато во холот на зградата каде е сместен регионалниот совет.

Пожарот избувнал во текот на изминатата ноќ, малку по 03.00 часот по Гринич, во селото Кроумарш Гилфорд, во близината на Оксфорд.

Вознемирените граѓани ги повикале пожарникарите и екипите за спасување, затоа што веднаш забележиле дека огнената стихија се ширела со голема брзина.

Покрај главната зграда која целосно е уништена, пожарникарите, уште од ноќеска се борат и со огнот во уште две други згради, каде исто така се сместени канцелариите на разни служби на регионалниот совет во областа Оксфордшир.

Од почетокот постои сомневање дека пожарот е намерно подметнат, а тоа го сугерираат и изјавите на пожарникарите, според кои трите згради биле зафатени со оган на секоја минута.

Сомневањето дека станува збор за намерно потпалување на зградите, прв го спомена уште во својата прва изјава, денеска утринава, претседателот на регионалниот совет Џон Котон.

– Веруваме дека пожарот избувнал како резултат на подметнат оган, рече претседателот, иако тогаш не даде други детали.

Полицијата која го потврди апсењето не ги коментира тврдењата за подметнување на пожарот, освен што соопшти дека „едно возило удрило во зградата“ на регионалната администрација.

Во опожарената главна зграда, обично, работат по 400 луѓе и во неа се сместени службите за домување, планирање и за градежна контрола, додека во другите два згради, секојдневно има по 200 лица.

Претставник на спасувачките екипи изјави дека пожарот се случил во текот на ноќта, кога во зградите нема никого, па на тој начин се избегнати можните жртви.

Засега нема сознанија за настрадани или за повредени лица.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство