Уапсенo 21 лице поради педофилија

Од:

Австралиската полиција уапси 21 лице во рамките на истрагата за мрежата која што се занимава со продукција и емитување на педофилски содржини.

Во текот на истрагата на фотографиите и видео-снимките на малолетниците идентификувано е едно дете од 10 години. Помеѓу уапсените се лица од 22 до 76 години од сите делови на Австралија.

Притворените се обвинети за поседување, употребување и емитување на педофилски порнографски материјал.

-Акцијата наречена „Освојувач“ која започна во јануари, се откриени 26 хард-дискови во стан на еден од осомничените, при претресите на 40 различни адреси – изјави Глен Мекивен од австралиската федерална полиција.

Тој додаде дека станува збор за една од најголемите акции од овој вид во Австралија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милијардер делеше пари пред супермаркет – на 1.000 семејства им подели 150.000 долари

А1он