Уапсени ултрадесничари во Франција кои планирале напади за време на Олимписките игри во Париз

Од:

Француските безбедносни служби денеска уапсија припадник на ултрадесничарите во источна Франција под сомнение дека планирал напади за време на Олимписките игри во Париз, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен.

„Браво за агентите на МВР кои уапсија припадник на ултрадесничарот осомничен дека планирал насилен чин за време на Олимписките игри. Ќе продолжиме со постојаната борба за безбедноста на францускиот народ“, објави Дарманен на платформата X.

Француските медиуми објавија дека млад човек од регионот Алзас, кој бил администратор на групата Телеграма наречена „Француска ариевска дивизија“ каде се заканувал дека ќе изврши напади за време на Олимписките игри, е испрашуван од антитерористичка полиција.

Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.

Би можело да ве интересира

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск