Уапсени седум крадци на дијаманти во Холандија

Од:

Холандската воена полиција уапси во Амстердам и Валенсија седум лица поради учество во кражба на дијаманти во вредност од десетици милиони долари пред околу 12 години.

Полицијата соопшти дека осомничените, петмина мажи и две жени, кои се дански државјани, биле уапсени вчера и денеска под сомнеж дека учествувале во вооружен грабеж и перење на пари.

На 25 февруари 2005 година вооружени крадци киднапирале оклопно возило од зона со зајакнати безбедносни мерки на амстердамскиот аеродром „Схипхол“ и побегнале со дијаманти во вредност од над 72 милиони долара. Дел од пленот брзо бил откриен во автомобил, кој бил користен при бегството, но холандската воена полиција не знае каде завршил останатиот дел, чија вредност се проценува на 43 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски

Силна експлозија во Холандија

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

ВИДЕО: Разорна експлозија во Хаг, потрага по преживеани

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски